Декларативна професионализација но во суштина партизација

1 мин. читање

Промената на локалната власт во Струмица ги донесе и очекуваните смени на раководните позиции во јавните претпријатија. Првите именувања веќе предизвикаа реакции во јавноста, во кои доминира ставот дека при изборот на новите директори предност се дава на партиската припадност, наместо на стручноста и професионалното искуство во областа.

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, денеска именуваше нови в.д. директори на две јавни претпријатија во градот.

Кире Синдраковски е назначен за вршител на должноста директор на ЈПКД „Комуналец“, додека Александар Петровски ќе го раководи ЈП „Паркиралишта Струмица“.

Според официјалното соопштение од Општината, и двајцата нови директори доаѓаат од приватниот сектор.

При назначувањето, градоначалникот Јанков од нив побарал да го вложат својот целокупен професионален потенцијал за да се направат промени во работата и услугите на претпријатијата. Како што се наведува, Јанков истакнал дека „струмичани заслужуваат подобра услуга во сите сектори на општинското работење“.

Претходно и Васко Наќев беше назначен за в.д директор на ЈОУДГ „Виножито“ од Струмица.

Екипата на Моја Струмица на сите им посакува успешна работа и да работат само во интерес на граѓаните на Струмица.

Извор:
Веб страна на општина Струмица