Pop UP Bazaar во Струмица: Љубов и Виново (13–15 февруари)

2 мин. читање

Од петок, 13 февруари, до недела, 15 февруари, во Градската галерија во Струмица, ќе се одржи Pop UP Bazaar, настан посветен на Љубов и Вино, кој обединува љубов, традиција, креативност и локални производи. Во текот на трите дена, посетителите ќе имаат можност да изберат уникатни подароци за своите вљубени, рачно изработени производи, антиквитети, вино и слатки, како и да уживаат во пријатна и опуштена атмосфера. Базарот нуди можност истовремено да се одбележат денот на љубовта и денот на виното, на едно место. Учесници на Pop UP Bazaar:

  • Тиверипол РСА – антиквитети
  • DN Handmade – рачно изработени играчки
  • Музеј Носталгија Смоларе – антиквитети
  • Vintage Collection Strumica – антиквитети
  • Elizabeth Creations – рачна изработка на накит и аксесоари
  • Jasminum – применета уметност
  • Ashtanga Yoga Strumica – second hand производи
  • Етнографи – аналогна и дигитална фото опрема
  • Sweet Crochet 365 – плетени играчки
  • Среќен Чорап – чорапи
  • Smik – плетени ташни и наметки
  • Семејна винарија Симонов – вино и маџун
  • Петранка – природна козметика – рачно изработена козметика
  • Marinka – рачно изработени слатки
  • Нека Милошева – применета уметност
  • Премиум Hair Shop – сетови за убавина (коса, маникир, педикир)
  • marijagerova.crochet – плетени изработки
  • Повик од Дивината – Спорт, планинарство
  • Kallani Handmade – рачна изработка на накит и аксесоари

„Pop UP Bazaar го замисливме како простор каде луѓето ќе можат на мирен и инспиративен начин да изберат подарок со вредност и приказна, а воедно да ги поддржат локалните креативци,“ изјавуваат од PopUp Bazaar, организаторите на настанот. „Февруари е месец на љубовта и виното, а нашата цел е посетителите да ги почувствуваат двата симбола преку креативност, дружење и автентична атмосфера.“

Локација и работно време:
Градска галерија – Струмица
Петок, 13 февруари: 16:00 – 20:00
Сабота, 14 февруари: 11:00 – 20:00
Недела, 15 февруари: 12:00 – 16:00
Настанот е отворен за сите посетители.