OК Струмица го започнува походот кон одбрана на титулата

1 мин. читање

Иако ова е второ коло од Првата одбојкарска лига, за ОК Струмица првенството започнува денес. Натпреварот од првото коло против Јанта Волеј беше одложен на барање на скопскиот клуб и ќе се одигра во понеделник.

Денес, нашиот( струмички) тим гостува кај Лирија во Тетово, со јасна цел — да го направи првиот чекор во одбраната на шампионската титула.
Со млад состав поддржан од искусните репрезентативци Владо Милев, Филип Маџунков и Тиме Ричлиев, ОК Струмица продолжува да ја гради иднината на македонската одбојка.