Струмичкиот регион, познат по својата богата земјоделска традиција и плодна почва, во голема мера зависи од водните ресурси за одржување на својот економски и еколошки баланс. Во срцето на ова управување со водата лежат вештачките акумулации како што се Турија, Водоча, Новоселка, Иловичка, Дрвошка и акумулација Маркова Река, кои со децении претставуваат клучни хидрографски објекти. Изградени со цел да се регулираат водните текови, да се обезбеди вода за наводнување на илјадници хектари обработливо земјиште и за водоснабдување на населението, овие вештачки езера се повеќе од само резервоари.
Новоселска
Поради својата примарна намена (наводнување) и помалиот капацитет, Новоселската акумулација е помалку позната за рекреација и туризам во споредба со поголемите езера како Турија и Водоча. Сепак, нејзиниот воден ресурс е клучен за земјоделците во Новоселскиот регион. Се смета за мала акумулација, со проценет капацитет од околу 500.000 кубни метри вода.


Иловичка
Водоснабдување на 7, а денес 9 населени места од Општина Босилово и Наводнување на околу 90 ха земјоделски површини во атарите на Иловица и Штука. Браната формира акумулација со волумен од околу 500.000 кубни метри вода.


Дрвошка
Од оваа брана се наводнуват околу 85 хектари обработливи површини во Дрвош и Хамзали. Капацитетот од 220 илјади кубни метри вода ја класифицира како многу мала акумулација.


Маркова брана
Изградена е на Маркова Река, околу 7км јужно од градот Струмица, обезбедува вода за наводнување на околу 300ха плодно земјоделско земјиште во атарите на Куклиш, Свидовица и Градско Балдовци. Се смета за мала акумулација, со капацитет од околу 500.000 кубни метри, сличен на Новоселската и Иловичката акумулација.


Брана Водоча
Браната Водоча и истоимената акумулација се едни од најстарите и најважните хидросистеми во Струмичкиот регион, веднаш по Турија по големина. Се наоѓа во сливот на Река Водоча, на 4,5км спротивно од селото Водоча и околу 14км западно од Струмица. Изградена е во периодот од 1962 до 1965 година, а со користење на водите за наводнување е започнато во 1966 година. Со волумен на акумулација од околу 27 милиони кубни метри. Зафаќа површина од околу 1,9 квадратни километри со максимална длабочина до 42 метри. Се користи за наводнување на дел од Струмичкото Поле со површина до 3100ха и резерва за водоснабдување на Струмица (се чуваат 1-1,5 милиони кубни метри како резерва).


Брана Турија
Браната Турија е најголемиот и најважниот хидросистем во Струмичката Котлина и претставува клучен извор на вода за регионот. Изградена на Река Турија, околу 4км спротиводно од селото Доброшинци и 16км северно од Струмица. Градена во периодот од 1968 до 1971 година, пуштена во експлоатација во 1973 година. Претставува најголема во Југоисточниот Регион со бруто зафатнина од околу 50,35 милиони кубни метри и максимална длабочина од 54 метри. Денес акумулацијата се наоѓа во лоша состојба заради што и градот Струмица има проблеми со снабдување со питка.



