OK Струмица поразена од Ираклис во втората контрола во Солун

1 мин. читање

Одбојкарите на Струмица денес го одиграа вториот контролен натпревар во рамки на подготовките за новата сезона и настапите во ЦЕВ Лигата на шампионите. Нашиот шампион гостуваше во Солун кај екипата на Ираклис, и беше поразен со 3:1 во сетови.

Ова беше втора проверка за струмичани, кои минатиот викенд гостуваа и во Лесковац, каде загубија со 3:1 од полуфиналистот во српското првенство од минатата сезона.

Следната контрола е закажана за сабота, 18 октомври, кога Струмица ќе биде домаќин на екипата на Пегасус Полихни од Солун. Натпреварот ќе се одигра во Спортска сала „Парк“ во Струмица со почеток во 17:00 часот.

Од клубот истакнуваат дека изборот на вакви силни противници е со цел екипата да биде што подобро подготвена, бидејќи и во европските купови ја очекуваат тимови со висок квалитет и големо искуство.
Овие контролни натпревари се дел од процесот на темпирање на формата на струмичкиот состав пред настапите во Европа и пред стартот на сезоната во Македонската лига.