Молчиме за водата, молчиме за воздухот. Требаше да молчиме за изгорените деца. Да молчиме ли и за тоа што се учи во училиште? Молчат наставниците, да молчат ли и родителите? Да прекинеме со молкот, гласно да запрашаме на што се учат нашите деца? Се обраќаме кон министерот на образование и бараме објаснување за текстот и одговор на што треба да ги научи децата овој текст? Се работи за текст во учебник по македонски јазик за шесто одделение. Во текстот се употребени изрази како например магаре недоделкано, коњу низаеден. Ме ишлапа со се плунка. Можев да се обесам.Ти си глупав. Ве молиме министерке објаснете се.
