Листериозата е заразна болест од ензоотски карактер на бројни видови диви и домашни животни како и на човекот. Се јавува во облик на септикемија,менингоенцефалитис или абортус. Причинител е Listeria monocytogenes.
Listera monocytogenes е подвижна бактерија во кружна форма, а во некои хранливи агари е благо закривена,доаѓа поединечно или во низови. Има раст на специфични агари и на крвен агар(хемолиза).
Начина на ширење: Листериозата има ензоотски карактер. Морбидитетот за кратко време може да достигне од 5-10%, се шири претежно со кохабитација.
Влезна врата на инфекцијата е преку слузницата на грлото, а кај новороденчиња е преку папокот.
Листеријата продира низ повредената слузница на устата и органите,понатаму се шири по лимфен пат, се размножува во лимфните чворови, и по 24 часа стигнува во крвта каде што хематогено се шири по целиот организам. По целосното навлегување животните може да угинат од септикемија.
Клиничка слика: Инкубацијата во експиременталната инфекција зависи од влезната врата, интензитетот на самата инфекција, па изнесува од 1 до 7 дена.Кај прасиња од 2 до 5 месеца се карактеризира со температура од 41.5 -42 С,апатија,анорексија,како и голема смртност.
Ако е веќе еднаш утврдена постои голем ризик за да се појави повторно.
Профилакса: Доколку се бактеролошки утврди листериоза,мора да се примени општа профилакса:изолација на болни и сомнителни на болест животни,дезинфекција на просториите,превентивна апликација на хиперимун серум на сомнителни животни.
Листериозата се лечи со антибиотици, многу важно е раната дијагностика за да може на време да се започне со терапија. Ауреомицинот е најдобар лек против листериоза.
