Ирена Гошев – Физиотерапевт од Прилеп

2 мин. читање

Кој е вашиот прв впечаток за Струмица?

  • Модерен македонски град, со убав парк и интересен ноќен живот.

Со што ви беше најтешко да се навикнете?

  • Едноставно дијалектот ми беше најтешко да го прифатам и сеуште имам проблем кога зборувам со струмичани што зборуваат брзо

Кое најмногу ве радува а кое најмногу ве разочарува овде?

  • Иксрено единствено што ми смета и од што сум разочарана е загадениот воздух во градот и тоа што никој не презема ништо околу тоа, и тоа што постарите генерации се заробени во овај менталитет. Ме радува тоа што се е близу.

Дали струмичани се отворени кон новото,дали знаат да си помагаат, да бидат солидарни?

  • Па мислам дека веќе помладите генерации се спремни и отворени кон нови стилови , модерен начин на живот.Гледајки како фунционира моето опкружување сметам дека си помагаат меѓу себе и тоа е еден убав пример за сите нас.

Која според вас е најголемата разлика помеѓу струмичани и прилепчани?

  • Огромна е разликата , струмичани се попријатни за разговор  и пољубезни, додека прилепчани сметам дека се погостопримливи.

Дали сте оптимист дека работите можат да се променат во градот и државата?

  • Јас сум оптимист по природа па така се надевам и искрено верувам дека работите може да се променат секогаш. Македонија е сама по себе најубава.