Фатен крадец на дело во католичката црква во Струмица

1 мин. читање

Струмичката полиција синоќа, околу 23:40 часот, го лиши од слобода 26-годишниот С.Х. од Струмица, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“. Осомничениот со употреба на сила влегол во верскиот објект, од каде успеал да одземе пари, но по добиена пријава, полициските службеници веднаш интервенирале и го затекнале на самото место.

Она што го прави случајот специфичен е фактот што со него во моментот на кражбата бил и неговиот малолетен син. По приведувањето на таткото, веднаш бил известен Центарот за социјални работи во Струмица, чии служби го презеле детето и го предале на неговата баба. С.Х. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а за инцидентот е запознаен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор:
Facebook страна на МВР