Почитувани љубители на спортот,
ОК Струмица, клуб со повеќе од 75 години одбојкарска традиција, но уште поважно — градител на иднината, ве повикува да бидете дел од спектакуларна европска вечер!
Оваа сезона, нашиот тим настапува со најмлад состав во лигата, поддржан од нашите искусни репрезентативци, и гордо го продолжува својот европски пат во престижниот ЦЕВ Куп.
Среда, 19.11.2025 – Вечер за паметење!
Со особена чест ве покануваме сите да присуствувате и да ја дадете својата поддршка на нашиот млад тим на европската сцена, кога Струмица повторно ќе живее со одбојка!
Настан: ОК Струмица vs VK Jihostroj České Budějovice
Датум и време: Среда, 19.11.2025, 19:00 часот
Локација: Спортска сала ПАРК – Струмица
Поддршка за иднината – Вашиот глас е нашата сила!
Вашето присуство на трибините ќе значи многу повеќе од полна сала. Тоа ќе биде потврда дека како заедница веруваме во младите, во нивниот труд, потенцијал и во иднината што ја создаваат.
Поддршката од трибините е мотив повеќе за секој наш млад играч да расте, да напредува и да продолжи да ја гради основата на идната македонска репрезентација.
Билетите се со симболична цена од 100 денари.
Дојдете да навиваме, да ја прославиме традицијата и да ја охрабриме иднината на македонската одбојка!
Спортски поздрав, ОК Струмица