Карл Фридрих Мај – Karl Friedrich May
(Роден на 25 февруари 1842 година, Хоенштајн-Ернстал, Саксонија (Германија) – Починал на 30 март 1912 година, Радебојл, Германија), германски автор на патни и авантуристички приказни за млади, извонредни по реалистичните детали што авторот можел да ги постигне.

Карл Мај е петто дете на сиромашно семејство ткајачи, израснува во Хоенштајн-Ернстал (Кралство Саксонија). Тој имал 13 браќа и сестри, од кои девет починале во детството. Бил наставник во основно училиште сè додека не бил уапсен за ситна кражба. Подоцна бил двапати уапсен за измама и поминал неколку години во затвор, каде што голем дел од времето го поминувал во читање. По неговото ослободување во 1874 година, Мај пишувал кратки раскази кои биле серијализирани во разни периодични изданија. Неговата популарност скокнала по појавувањето на неговите збирки кратки раскази и романи во раните 1890 ти. Мaј е еден од најпродаваните германски писатели на сите времиња, со околу 200 милиони продадени примероци низ целиот свет, преведен на 30 јазици.
Карл Мај e познат по пишувањето, често во прво лице, за патувања и авантури, најчесто поврзани со Далечниот Запад, Ориентот, но исто така и во Латинска Америка, Кина и во Германија. Тој самиот во делата поврзани за Далечниот Запад се крие позади ликот на Стариот Шетерхенд, додека во Отоманската Империја бил наречен Кара Бен Немси (Карл, син на Германија).
Некои од најпознатите негови дела се :
- Der Schatz im Silbersee (1894; „Богатството во сребреното езеро“),
- Durch die Wüste (1892; ,,Во пустината“),
- Winnetou, 3 vol.. (1893),
- Ardistan und Dschinnistan (1909)
- In den Schluchten Balkan (1888; ,,Во клисурите на Балканот“)
- Aвтобиографијата Mein Leben und Streben (1910; „Мојот живот и борба“).
Во негов спомен била основана издавачката куќа Karl May Verlag и музејот Карл Меј во Бамберг.
Филмови базирани на неговите книги:
- „Богатството на сребреното езеро “ (1962)
- „Винету I“ (1963)
- „Винету II“ (1964)
- „Винету III“ (1965)
- „Стариот Шетерхенд “ (1965)
- „Винету и Шетерхенд во Долината на смртта“ (1968)
- „Кара бен Немзи“ (1973–1975, 26 ТВ епизоди)
- „Мојот пријател Винету“ (1980, 14 ТВ епизоди)
Во Струмица се развива дел од дејствието на романот ,,Во клисурите на Балканот“ (1888 година) на познатиот германски писател Карл Мај. Покрај описите за градот Струмица (Уструмџа) меѓу другото, тој зборува и за самата тврдина, која во тој период била обвиена со мистични настани.
Во голем дел од неговите дела, Мај не ги посетил местата што ги опишал, но успешно го компензирал недостатокот на директно искуство преку комбинација од креативност, имагинација и документарни извори, вклучувајќи мапи, патни извештаи и водичи, како и антрополошки и лингвистички студии. Тој напишал доста дела за Американскиот континент, иако претходно го немал посетено.
Дали Карл Мај ја посетил Струмица не можеме да потврдиме со сигурност, или неговите податоци за нашите краишта се превземени од достапните за него во тоа време пишани извори. Во книгата ,,Во клисурите на Балканот“, се споменуваат градовите Мелник и Струмица, како и помали рурални населби како што е селото Дабиле, реки, планини, тврдината Цареви Кули, пазарот кај термалните извори итн. Сепак сметаме дека Балканот е многу поблизка дестинација и достапен за германецот Мај. Деталните описи се доволна потврда да не ја исклучиме веројатноста дека Мај сепак ја посетил Струмица.


За потребите на книгата ,,Во клисурите на Балканот“, од страна на Петар Шнор од 1908 година била изработена илустрација ,,Ова е Острумџа“ (Das ist Ostromdscha) – насловната илустрација. Петер Шнор (роден на 26 април 1862 година во Штутгарт; починал на 1 јуни 1912 година во Штутгарт) е германски уметник на постери, илустратор на делата на Карл Мај, тој првенствено илустрирал детски книги и бајки. Петер Шнор ги создал илустрациите на корицата за изданијата од собраните патни раскази на Карл Мај. Во 1907 година, Шнор ја презел нарачката за илустрираните изданија: ,,Низ пустината“ и ,,Во клисурите на Балканот“.