На денешен ден се навршуваат 81 година од трагичното убиство на Герас Цунев, борец за слобода и учесник во Народноослободителната борба (НОБ).
Роден во Струмица, Цунев уште во раната младост се приклучува на прогресивното движење, станувајќи симбол на непокорот и борбата. Неговата посветеност на идеалите за слободна и независна Македонија го направи мета и на денешен ден во 1945 година трагично згасна неговиот млад живот.
На свеченоста организирана пред бистата во малиот парк во Струмица беа присутни претставници од фамилијата Цуневи, советници од советот на Општина Струмица, градоначалникот Петар Јанков, претставници од основното училиште „Герас Цунев“ од село Просениково како и претставници од друштвото на борците кои положија свежо цвеќе пред бистата на Герас Цунев.






