28 Јануари ССМ излегува на протест

Додека функционерите и газдите бројат милиони, работникот едвај го преживува месецот. Доста е молк – време е за гласен отпор!

1 мин. читање

Новата година донесе нов ценовен шок. Синдикалната минимална кошница за јануари 2026 година скокна на 66.413 денари. Само за еден месец, трошоците за живот се зголемија за речиси 1.000 денари. За семејствата кои живеат под кирија, оваа бројка е уште пострашна и изнесува 81.788 денари.

„Инфлацијата не ја создава работникот, ниту минималната плата. Неа ја создаваат лошите политики, слабата контрола и дозволените екстра-профити!“ – порачуваат од ССМ.

Истите тие кои уживаат во привилегиите, одбиваат да ја покачат минималната плата над прагот на сиромаштијата. ССМ бара:

  1. Итно зголемување на минималната плата од сегашните 24.379 на најмалку 31.200 денари.
  2. Линеарно зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари (100 евра).

„На протест морате затоа што Ве игнорираат и Ве потценуваат Вас и вашиот труд, морате затоа што не сте газди, министри и пратеници, затоа што се додека не дигнете глас, тие сметаат дека сте задоволни и дека Ви е доста вас !“ – рекоа од ССМ

Извор:
Facebook страната на ССМ