Ѓаволски мост се наоѓа на северните падини на планината Беласица над селото Мокриево, Општина Ново Село. Мостот е изграден над карпеста провалија на надморска височина од 1522 метри, во непосредна близина на македонско-грчката граница. Toj обезбедува премин преку карпести падин што достигнуваат височина над 200 метри, единственото непроодно место во сртот на планината, премостувајќи го ѓаволскиот амбист на Беласица.
Првата светска војна уште наречена и Големата војна ќе биде причината на планината Беласица да се започне со големи инфраструктурно зафати во служба на воените дејствија кои ја опфатиле Македонија. Македонскиот фронт (познат и како Солунски) е бојно поле на територијата на Македонија, на кое се воделе жестоки вооружени судири во текот на Првата светска војна, помеѓу Антантата и Централните сили во периодот од октомври 1915 до септември 1918 година. Фронтот се протегал од јадранскиот брег на Албанија до устието на реката Струма, секако поминуваќи и по самиот срт на Беласица. Јужно од оваа линија биле стационирани силите на Антантата (француски, британски, српски, руски а подоцна и италијански и грчки единици), а северно од неа Централните сили (бугарски, германски, австроунгарски и турски единици).
Секако контролата на самата Беласица била во рацете на Централните сили. Со влегувањето на Бугарија во Првата светска војна (1915 година) започнале и првите градежни активности на планината Беласица. На самиот врв биле изградени воени обејкти: контролни пунктови, бункери, ровови, бараки за воената посада, болници, телефонски централи итн. Секако за да бидат поврзани овие воени објекти неопходно било да се изгради и соодветна инфраструктура.
До ден-денешен на многу позиции по самата Беласица можат да се забележат остатоци од воените објкети, како и самите комуникации, кои на повеќе места биле и подѕидувани, особено во стрмните предели. Но во случај со Ѓаволски мост било направено премостување на единственото непроодно место на Беласица. Овие военоинжинерски зафати се дел на бугарската армија. Мостот бил направен од дрвена конструкција во должина од околу 6 метри и широчина од околу 3 метри, по истиот можеле да поминуваат и моторни водила.
Овој мост најверојатно бил изграден во 1916 година, кога воедно се окопуваат завојуваните страни и во наредните години продолжуваат рововските битки. Благодарение на воените архиви почнуваме да даваме одговори на нештата за кои необјасливите работи ги завивавме со мистерии. На оваа позиција во текот на Првата светска војна бил стациониран 62-ри пешадиски полк на бугарската армија, а самиот мост ја поврзувал 3-та чета со 9-та рота на истиот полк. Изградбата на овие инфраструтурни зафати бил во рацете на самите војници, кои биле стационирани на овие позиции, мислеќи се на 62-ри пешадиски полк.
По избувнувањето на Првата светска војна, на 22 август 1915 година, во Стара Загора е формиран Четвртиот пешадиски кадриски полк во рамките на Кадровата дивизија, кој истата година е преименуван во Четврти Македонски пешадиски полк и станува дел од Втората бригада на 11-та Македонска пешадиска дивизија. На 30 јуни 1917 година, тој е преименуван во 62-ри пешадиски полк. Според Наредбата бр. 47 на 11-та Македонска пешадиска дивизија, на 25 мај 1919 година, полкот е распуштен во Петрич, а неговата архива е префрлена во Ликвидацискиот штаб на Дивизијата во Софија.
Идејата за таква дивизиjа била на раководството на ВМРО и кругот околу Александар Протогеров. Наредбата за нејзиното создавање била донесена на 22 август 1915 година, а името 11-та Македонска пешадиска дивизија било дадено на 12 септември истата година. На првиот ден од формирањето на дивизиjата имало 34.745 офицери и војници. Дивизијата би составен претежно со генерали, офицери, војници од Макеоднија. Меѓу повидните ликови на Дивизијата се: Командир – генерал Крсте Златарев од Охрид, началник на штаб – полковник Петар Дрвингов од Кукуш, командир на Втора пешадиска бригада – полковник Григор Ќуркчиев од Прилеп, командир на Трета пешадиска бригада -полковник Александар Протогеров од Охрид, командир на Петти македонски полк – потполковник Борис Дрангов од Скопје, итн.
Во текот на целата војна просторот од Беласица до Дојранското Езеро, каде воглавно била сконцентрирана 11 Македонска пешадиска дивизијата, фронтовата линија никогаш не била пробиена од непријателските сили. Позади грбовите на бранителите се наоѓале нивните домови, фамили, деца, родители, роднини, другари, огништа …….
Во спомен на 11-та Македонска пешадиска дивизија … Слава им ….

Штабот на 62-ри пешадиски полк на планината Беласица за време на Првата светска војна
(1915-1918 година)








До почетокот на 70-тите години, мостот го користела граничната патрола, но потоа се распаднал. Во јули 2021 година, мостот е обновен од страна на планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица и е достапен за планинари, велосипедисти и мотоциклисти.
Извори:
– Wikipedia (Македонски фронт)
– Wikipedia (62-ри пешадиски полк)
– Планинарски форум