Општина Струмица ги повикува сите подносители на барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кои уште немаат добиено решение поради нецелосна документација, итно да ги дополнат своите предмети. Крајниот рок за доставување на потребните докази е 3 март 2026 година (вторник).
Од локалната самоуправа нагласуваат дека овој датум е клучен бидејќи тогаш официјално истекува важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. По овој рок, правната рамка за легализација на објектите според тековните услови престанува да важи.
Сите засегнати физички и правни лица треба навремено да се информираат за статусот на нивните барања во:
- Локација: Општина Струмица – Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште.
- Адреса: ул. „Ленинова“ бр. 15.
Ова соопштение се однесува на сите предмети кои се веќе во процедура, но се заглавени поради недостиг на одредени документи или докази кои се клучни за носење на конечно решение.
Извор:
– Веб страна на Општина Струмица