Општина Струмица ги повикува сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации, кои се активни баратели на работа во евиденцијата на Агенцијата за вработување (АВРСМ) и се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Јавни работи“, да поднесат пријава за работно ангажирање како општ работник во времетраење од 30 дена, со работно време од 4 часа дневно.
Овој повик се спроведува во согласност со одобрениот проект за ангажирање на 20 невработени лица со ниски квалификации, а врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Македонија, за Програмата за работно ангажирање – Јавни работи (мерка 5.1), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување.
Заинтересираните невработени лица своите пријави за учество можат да ги поднесат во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Струмица, во периодот од 14.10.2026 година до 22.10.2026 година, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Подетални информации за Програмата „Јавни работи“ можат да се добијат во Општина Струмица, Одделение за ЛЕР (зграда ДОМ на АРМ) кај лицето Софче Јанева – општински координатор за Програмата, како и во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Струмица кај лицето Александра Петкоска.