Три лица од струмичкото село Банско се лишени од слобода по акција на СВР Струмица во која беа откриени марихуана и стебло од растението канабис.
Вчера попладне, околу 17:00 часот, полициски службеници спроведоа планиран претрес во домот на 21 – годишниот Е.Н. во село Банско, постапувајќи по претходно обезбедена судска наредба. При претресот во објектот, службениците пронашле и заплениле марихуана, како и стебло од канабис.
Во моментот на претресот, во домот на Е.Н. биле затекнати и неговите соселани С.Р. (28) и Џ.М. (29). При извршениот личен преглед кај двајцата исто така била пронајдена марихуана.
Тројцата се лишени од слобода и приведени во полициска станица. За целиот настан веднаш е известен дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а од СВР Струмица најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор:
– Facebook страна на МВР