Во рамките на планските активности за заштита на јавното здравје и намалување на популацијата на инсекти, Општина Струмица спроведува таргетирана ларвицидна дезинсекција на терен.
Третманот ќе се изведе утре, на 27 август 2026 година, со почеток во 09:00 часот, а со акцијата ќе биде опфатена површина од вкупно 20 хектари на територијата на општината. Активноста е дел од поширокиот план за контрола на комарците во целиот Југоисточен плански регион, кој се реализира на 27 и 31 август.
Оваа фаза е насочена директно кон локациите каде што има поволни услови за престој и презимување на ларвите. Преку третирање на овие локации, целта е навремено да се прекине нивниот развој уште во раната фаза и значително да се намали појавата на возрасни комарци во претстојниот период.