Светскиот ден на животната средина (5 јуни) е најголемиот меѓународен ден посветен на заштитата на природата, воспоставен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година, на првиот ден од Стокхолмската конференција за човековата средина. Овој ден се одбележува во повеќе од 150 земји во светот и претставува глобална платформа за подигнување на свеста, но и за конкретна акција против клучните еколошки закани со кои се соочува планетата — од климатските промени и глобалното затоплување, па сè до пластичното загадување, уништувањето на шумите и губењето на биодиверзитетот.
На денот кога се одбележува Светскиот ден на животната средина да се потсетиме на сите проблеми со кои се соочуваме, а кои се тесно поврзани со животната средина:
- Рудникот Иловица – закана за биодиверзитетот на планината Огражден како и низа на други последици по животната средина
- Аерозагадувањето – најголемо во зимскиот период кое трае со години и уште не е изнајдено решение иако има мали поместувања во насока на изнаоѓање на гравните причинители
- Дивите сечи – нашите шуми подолг период се мета на шумокрадци, ова мора да престане
- Едукација за значењето на здравата животна средина и како да се негува
Извор:
– un.org