7 март 1931 година – Големиот валандовски земјотрес

1 мин. читање

На денешен ден пред 95 години Валандово и околината биле погодени од серија катастрофални земјотреси кои оставија трајни лузни во колективната меморија на овој крај. Низа земјотреси се случиле на 7 и 8 март, а најразорниот од нив се случил во 01:50 часот ноќта помеѓу 7 и 8 март. Епилогот од силните земјотреси бил 31 загинато и 82 ранети лица и многу уништени населени места во Валандовско. Најмногу луѓе настрадале во селото Пирава.

Настаните не го поштедија ниту Струмичкиот регион, каде што населението во паника ги напуштало своите домови додека земјата не престанувала да вибрира. Во Струмица биле срушени 20 куќи и оштетени околу 1.000 домови. Во Струмичко немало жртви, но биле повредени три жени и едно дете. Оваа природна стихија принудила илјадници луѓе да преноќат под отворено небо, соочени со неизвесност и страв од нови потреси.

Во овој земјотрес се направени и оштетувања на „Цареви Кули“, симболот на градот Струмица. Најверојатно се урнал и поголемиот дел од југозападната кула, која јасно се гледа на неколку фотографии направени помеѓу двете светски војни.

Извори:
Wikipedia – Историја на Струмица
Wikipedia – Цареви Кули
Wikipedia – Валандовски земјотрес