Мемоарите на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, претставуваат клучно сведоштво за современата македонска историја. Неговата најзначајна автобиографска книга е насловена „Македонија е сè што имаме“, објавена во 2001 година.
Книгата не е само лична исповед, туку детален приказ на клучните политички процеси во 20-тиот век. Глигоров го опфаќа периодот од неговото учество во АСНОМ, преку високите функции во СФР Југославија, па сè до осамостојувањето на Македонија.
Денес можеби најзначаен е делот во кој претседателот зборува за средбите со грчки претставници и како тие се обидувале да го „омекнат“ во својот став за промена на името:
„Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни „колеги“ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари“
„Го отвора куферчето, полно до горе долари. Тука има сто илјади долари. Овој кога си заминуваше, ми рече: Јас морам да му се отплатам на претседателот што толку време бев тука, и, ми го даде ова куферче да ви го донесам. Тоа е негов подарок. Јас го гледам – а, бе, велам, Фрчко, зар не разбра ти онаа амфора кога ти ја вратив и часовникот, дека за таква работа, мене не ме бива. Добро, сега, човекот ги даде парите, сега што да правиме рече тој…“
Претседателот се си кажал, а ние не поверувавме, чекавме некој да ни потврди. Тоа го стори американската CIA која декласифицираше документи поврзани со поранешниот претседател. Во нив јасно стои: Gligorov has refused a private offer by Greek officials of $100 million in aid on the condition that the name be changed.
Скоро две децении подоцна името беше променето во собранието на Република Македонија. Тогашната владеачка партија СДСМ во коалиција со ДУИ и осум опозициски пратеници предводени од ВМРО – ДПМНЕ и колоцијата: Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ го промениа името наспроти и неуспешниот референдум за промена на името. Остануваат отворени прашањата: Која била цената? Кој добил најмногу? Што точно добиле?
Извори:
– CIA декласифицирани документи
– Македонија е се што имаме – Киро Глигоров