Се одржа вонредното собрание на одбојкарскиот клуб Струмица 47&72 на 23.01.2026 година во просториите на хотел Пандев со почеток од 20:00. Прво беше констатирана оставката на досегашниот претседател Владо Милев, по што тој поднесе извештај за досегашната работа. На дневен ред беше ставена и точка за избор на нов претседател. По кандидатура на редовни членови на собранието се кандидираа двајца кандидати за претседател на ОК Струмица, Ефтим Ричлиев и досегашнит претседател Владо Милев. Со 9 гласа за од вкупно 17 Ефтим Ричлиев беше избран за нов претседател на ОК Струмица.






Во продолжение ви ја пренесуваме текстуалната и видео изјава на новиот претседател на клубот Ефтим Ричлиев:
Почитувани,
Благодарност до сите членови на Собранието на ОК СТРУМИЦА 47&72 за укажаната доверба и избор за Претседател на клубот.
ОК СТРУМИЦА 47&72 е клуб со долга традиција и големи успеси во одбојкарскиот спорт. Овој клуб обединува многу генерации успешни одбојкари и спортски работници. Клубот не е „трговец поединец“ и не припаѓа никому. Клубот отсекогаш бил и ќе остане градски клуб кој работи согласно Статутот и законите.
Клубот искрено му благодари на Владо Милев за досегашната работа и му посакува успех во понатамошната кариера. Се надеваме на сегашна и идна соработка.
Секој клуб во својата историја има успеси и падови. Овој клуб секогаш има „визија“ но не секогаш има средства и пристојни услови.
Едно е сигурно – клубот ќе продолжи понатаму и ќе се бори за успех на струмичката и македонската одбојка. Успесите и остварените резултати на клубот секогаш биле и ќе бидат успех на градот и заслга на сите, никогаш на поединци.
Посакувам подобри услови и успешна работа на клубот
Претседател,
Ефтим Ричлиев