Блокада на граничните премини за товарни возила на 26 јануари

2 мин. читање

Асоцијацијата Макам-транс, во координација со превозниците од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, најави масовен протест со блокада на граничните премини. Причината е незадоволството од актуелниот начин на евиденција на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната.

Датум на почеток: 26.01.2026 година.
Излез од државата: Блокадата започнува во 12:00 часот.
Влез во државата: Блокадата започнува во 24:00 часот (за да им се овозможи на домашните превозници да се вратат во своите бази).
Времетраење: Најмалку еден ден, со можност за продолжување до 7 дена, доколку не се добие соодветен одговор од Европската Унија.

Блокадата ќе ги опфати следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.

Министерот за транспорт и врски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со оваа ситуација изјави:
„Јас и Владата го разбираме  револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија“

Извори:
Facebook страна на МАКАМ-ТРАНС
Веб страна на миситерство за транспорт и врски