Европската комисија во својот најнов Извештај за Северна Македонија за 2025 година упати серија сериозни критики за недостатокот на напредок, особено во фундаменталните области. Извештајот констатира дека во клучните поглавја „Јавно обвинителство и темелни права“ и „Борба против корупција“ „нема напредок“. Дополнително, во многу сектори, препораките од минатата година не се адресирани и остануваат валидни
Најголемите проблеми се нотирани во Кластерот 1: Темели. Како примарна забелешка, извештајот нотира дека „не се направени обиди да се усвојат релевантните уставни измени“ со цел Уставот да ги опфати „граѓаните кои живеат во границите на државата… како што се Бугарите“. Извештајот, исто така, забележува дека „не е постигнат напредок“ во врска со преостанатите препораки за изборни реформи од ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија.
Стагнација во бројни поглавја, извештајот експлицитно наведува „нема напредок“ во низа други поглавја, што значи дека препораките од минатата година не се имплементирани. Тука спаѓаат:
- Поглавје 1: Слободно движење на стоки
- Поглавје 2: Слободно движење на работници
- Поглавје 6: Право на трговски друштва
- Поглавје 7: Право на интелектуална сопственост
- Поглавје 8: Политика на конкуренција
- Поглавје 20: Претприемништво и индустриска политика
Во областа на животната средина (Поглавје 27), Комисијата забележува дека „спроведувањето и извршувањето заостануваат во сите сектори“.
За екипата на “Моја Струмица” сепак најинтересен беше извештајот на економско поле, фискалниот дефицит во 2024 година „го надмина првичниот план“, што го „одложува фискалното консолидирање“. Извештајот нотира и дека „напорите за формализирање на неформалната економија се во застој“. Пред некое време ја објавивме статијата Ние немаме за леб, а продаваме големини во која имаме извештај од министерството за финансии на Република Северна Македонија на кое јасно се гледа дека јавниот долг на државата за 2024 изнесува 61,4% од БДП, сега во извештајот на европската комисија гледаме дека изнесувал 79,9% од БДП. Се наметнува прашањето: Владата го лаже сопствениот народ прикажувајќи подобри статистки од реалните или европската комисија прикажува полоши статистики сакајќи да ја прикаже владата како неуспешна?
Извор:
– Извештај на европската комисија за Северна Македонија 2025