Ние немаме за леб, а продаваме големини

2 мин. читање

Државниот и јавниот долг како поими се дефинирани во законот за јавен долг на Република Северна Македонија и дефинициите се следниве:

  1. Државен долг е збир на финансиски обврски создадени со задолжување на Република Северна Македонија, јавните установи основани од Република Северна Македонија и општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, не вклучувајќи го долгот на јавните претпријатија и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата, општините и на Народната банка на Република Северна Македонија;
  2. Јавен долг е збир на државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата или на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје;

Кога се зборуваше за тоа дека немаме за леб во 2015 година, според министерството за финансии на Република Северна Македонија (види линк подолу), јавниот долг на државата изнесувал 4,2 милијарди евра или 46,6% од БДП. Во тоа време министер за финансии беше г. Зоран Ставревски. Проекциите за тоа како ќе заврши 2025 се поразителни. Јавниот долг на Република Северна Македонија најверојатно ќе надмине 10 милијарди евра, што претставува историски најголем јавен долг, а што е уште по поразително се претпоставува дека во проценти од БДП ќе помине 62%.

Се наметнува прашањето дали сега имаме барем за трошки од леб? Дали е време за бизнис форуми кога е јасно дека бизнисот не може да ги следи трошоците на државата? Кое е мислењето на г. Ставревски кој исто така учествуваше на бизнис форумот во Струмица? Дали со лицемерен однос можеме да одиме напред?

Извори:
Министерство за финансии на Република Северна Македонија
Официјална “Facebook” страна на Петар Јанков – кандидат за градоначалник на општина Струмица