Шампионите на Македонија, ОК Струмица на гости во Лесковац

1 мин. читање

Одбојкарите на Струмица денес гостуваат во Лесковац кај екипата на Дубочица. Ова ќе биде прва контролна средба за подмладената екипа на нашиот шампион пред настапите во ЦЕВ Лигата на шампионите, каде што првиот натпревар ќе го одиграат како домаќини во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, на 22 октомври со почеток во 17:00 часот против Романскиот шампион Динамо Букурешт.

Планирана е уште една контролна средба на 18 октомври против екипата на Пегасус Полихни од Солун, Грција, која ќе се одигра во Струмица, а можно е да се одигра и уште еден реванш-натпревар со истата екипа во Солун.

Овие три контролни натпревари треба да помогнат во темпирањето на формата на одбојкарите на Струмица пред настапите во европските купови и пред почетокот на сезоната во Македонија.