Поради големиот интерес за изложбата на д-р Душко Цветанов вратите на градската галерија во Струмица ќе бидат отворени во периодот од 13 до 18 октомври, со можност да се погледне изложбата Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија на авторот д-р Душко Цветанов, во периодот од 17 до 19 часот. Сите љубители на културното наследство ќе имаат можност да поразговарат со авторот и подетално да се запознаат со деталите од неговото истражување. Повелете.