Душко Наумоски (лево) е македонски комунист, истакнат учесник во Народноослободителната борба (НОБ) и повоен театарски режисер. Тој е историски познат како борецот кој го испукал првиот куршум во нападот на бугарскиот полициски стражара во Прилеп, настан кој се смета за официјален почеток на вооруженото антифашистичко востание во Македонија. Во настанот животот го загубува Петар Колев, внук на големиот македонски револуционер Даме Груев. Во нападот учествува и Аспарух Јосифовски (десно) кој фрла бомба во полициската стражара веднаш по испукувањето на првиот истрел. Аспарух е истакнат комунист, партизан и основач на првиот Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ на месноста Црвени Стени.
Почетокот на славењето на 11 октомври се случило веднаш по завршувањето на Втората светска војна, со донесувањето на „Законот за прогласување на денот на народното востание на Македонија за државен и народен празник“, усвоен на 8 септември 1945 година од страна на Президиумот на Народното собрание на Македонија и продолжува да се слави и по прогласување на независноста.