Јанков: Време е да ја вратиме Струмица на мапата на македонскиот спорт

1 мин. читање

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во објава на социјалните мрежи истакна дека доколку победи на претстојните локални избори ќе ги поддржи сите спортови и дека нашиот град заслужува да се врати на мапата на спортот каде некогаш беше.

“Ракометот отсекогаш бил симбол и спортска гордост на Струмица но сега нашата спортска сала била празна и без титули. Со вистински инвестиции и добра стратегија Струмица можела да се врати на прав пат” истакна тој.

Јанков исто така рече дека треба сите да ја поддржиме младината и спортскиот дух но и спортските клубови од нашиот град – затоа што победите на терен се наши заеднички победи.

Ние од Моја Струмица сме отворени да поддржиме секоја чесна намера и добра идеја и стоиме на располагање да помогнеме и промовираме се што ќе биде од полза за Нашиот град!