Претепан човек во струмичко бидејќи им рекол дека ќе изгубат на избори!

1 мин. читање

На 23.09.2025 година околу 04:00 часот полициски службеници лишеле од слобода едно лице со иницијали К.Ј. (45) од село Просениково бидејки истиот ден во 02:00 часот во истото село физички го нападнал К.С. (39) и му нанел тешки телесни повреди.

Според неофицијални информации лицето има пет скршени ребра и видливи повреди на лицето.
Тој се наоѓа во струмичката болница додека напаѓачот е задржан во Полициска станица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Според информации од порталот Инфомакс, напаѓачот е близок до владеачката партија и причината била вербална расправија на тема партија и изборни резултати која претходела на нападот.