Вечерта 23.09.2025 невообичаено гласна музика се слушаше во сите краишта на градот која доаѓаше од некогашниот Ловен дом. По поголем број на поплаки се обративме до СВР Струмица од каде добивме одговор дека се запознаени и дека станува збор за роденденска забава. Исто така не информираа дека кога станува збор за роденденска забава бучавата може да продолжи до било колку часот и со било кој интензитет на бучава. Тоа дополнително ќе го истражиме, но за тоа дали е во ред ова ви го приложуваме и следното видео: