Уапсен крадец од Струмица!

1 мин. читање

,,На 25.09.2025 година во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници го лишеле од слобода лицето А.Х. (31) од Струмица.
Споменатото лице се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило “бмв” со струмички регистарски ознаки.
Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица.
При претрес кај истото лице било пронајдено и предмет кој е одземен при кражба на возило, пријавена на 24.09.2025.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирањето на настаните, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави”, информираа од Министерството за внатрешни работи.