На настанот свое излагање имаа докторите: Венко Филипче претседател на СДСМ, Миле Гогов носител на листатата за советници во општина Струмица од СДСМ и Лазе Манев. Прв настапи др. Миле Гогов со давање прецизни препораки за ризик факторите за зголемување на можноста за добивање мозочен удар и како истите може да се избегнат. Втор зеде збор др. Лазе Манев кој од радиолошки аспект даде компаративен пристап во диагнозата на мозочните удари со КТ (компјутерска томографија) и МРИ (магнетна резонанца). На крај збор зеде др. Венко Филипче кој зборуваше за можностите за оперативно лекување на мозочните удари.