Премиерот Мицковски во Струмица беше пречекан од викарниот Епископ Стобиски г.Јаков. Тие во краткиот разговор продискутираа за реконструкцијата на црквата св. Кирил и Методиј која е во тек. Инаку црквата „Св. Кирил и Методиј“ воедно претставува најстарата црква зачувана во градот Струмица. Нејзината изградба започнува во 1905 година, по долгогодишната борба на Егзаријата да добие дозвола од султанот за подигнување на свој храм во градот, а завршува во 1911 година. Иницијатор за изградбата на црквата е егзархискиот митрополит Герасим.
Потоа сите заедно се упатија на свеченото отварање на спомен куќата на народниот херој и учесник во НОБ Благој Јанков Мучето.