Во текот на вчерашниот ден ВМРО -ДПМНЕ го промовираше кандидатот за градоначалник на општина Струмица Петар Јанков. Настанот се одвиваше во спортската сала Парк во Струмица, а на истиот покрај настапите на политичките челници учество зедоа и дел од македонските музички ѕвезди. На настанот присуствуваше дел од раководството на партијата и претставници од другите околни општини.