Левица нема да го потпише кодексот за “ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ”

1 мин. читање

Носителот на советничката листа на партијата левица од Струмица нема да го потпише кодексот за “ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ”

Носителот на советничката листа од Левица, Јасмина Пијанманова нема да учествува на повикот од Општинската изборна комисија за потпишување на документ за „фер и демократски избори“.

Од самиот старт овие избори не се фер. Единствено на Левица ѝ е забрането платено политичко рекламирање, со што уште пред почетокот се нарушува рамноправноста и се создаваат нефер услови.

Не може да зборуваме за фер избори кога за сите партии важат едни правила, а за Левица сосема други – селективни и дискриминирачки.

Не прифаќаме да бидеме дел од театар со празни декларации. Ќе се бориме за вистинска демократија, еднакви услови и чесна политичка конкуренција во интерес на граѓаните на Струмица.