Демантот ќе го добиете на 19 октомври – Др. Миле Гогов носител на советничката листа на СДСМ

1 мин. читање

Во целост ви ја пренесуваме објавата на носителот на советничката листа од СДСМ Др. Миле Гогов:

Ги гледам видеата со кои излегуваат вмро-дпмне и гледам голема патетика.
Момче како и да се викаш, тоа што го зборуваш од белата палата во Скопје, тоа не поминува во Струмица.
Сите тие клевети и лаги покажуваат само дека вие во вмро-дпмне сте многу уплашени бидејќи ги знаете рејтинзите во Струмица, а ги знам и јас лично.
Нема да навлегувам во вашата штабска игра, штабска кујна, која наместо со идеи се служи со црна пропаганда.
Каков сум како личност , карактер и по професија добро знаат граѓаните на Струмица.
Нема да праќам деманти и да се занимавам со вас.
Имам една цел, а тоа е јас заедно со тимот на советници и со Марјан Даскаловски, Струмица да остане најсветлата точка во Македонија.
Ви ветувам, демантот ќе го добиете на 19 октомври.
Струмицо победуваме