СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Папата Лав XIV се моли за менталното здравје: „Никој не треба да страда во тишина“

2 мин. читање

По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, споделуваме една извонредна порака од папата Лав XIV, која нè потсетува на важноста на грижата, разбирањето и поддршката за луѓето кои се соочуваат со предизвици во своето ментално здравје.

Постојат рани кои често остануваат невидливи и со кои луѓето се соочуваат во најдлабока осаменост. Покрај сопственото страдање, лицата со ментални нарушувања често се соочуваат и со стигмата, предрасудите и рамнодушноста на оние што избираат да го свртат погледот настрана.

Соочена со оваа реалност, Црквата е повикана да биде отворен дом – заедница што слуша без осудување, прифаќа со љубов и нуди поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Во својата молитвена намера за овој месец, папата Лав XIV нè повикува да се молиме за грижата за менталното здравје, за да научиме да ги прифаќаме оние што страдаат во тишина, да ги поддржуваме оние што се грижат за нив и грижата за менталното здравје да стане составен дел од животот на нашите заедници – жив знак на милосрдие и човечност.

Не сте сами! Со молитвата се придружувате на милиони луѓе ширум светот кои, преку Светската молитвена мрежа на папата, се молат за предизвиците на човештвото и за мисијата на Црквата.

По повод овој значаен ден, ве покануваме да ја прочитате и да ја споделите оваа порака на надеж, прифаќање и солидарност.

Еве го линкот до молитвената намера на папата Лав XIV за менталното здравје и пристап до видеото за вклучување во заедничката молитва со Светиот Отец:

https://www.popesprayer.va

https://youtu.be/Rx0IiPoyRLY?si=UxYE2a8lPRb-nuRU