Прегазен пешак на младинска

1 мин. читање

Пред околу 1 час на улица „Младинска“, во близина на објектот „Ролинг“, се случи сообраќајна незгода во која беше прегазен пешак.

Според првичните информации, пешакот бил удрен од патничко возило додека поминувал преку коловозот.

Екипи на Итната медицинска помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и му укажале прва помош на повредениот, кој потоа бил пренесен во општата болница и е во тешка состојба.

Полицијата врши увид и ги утврдува причините и околностите поради кои дошло до незгодата.

Сообраќајот е привремено отежнат, а полицијата истиот го пренасочува.