Каде е патот Струмица – Дабиле

2 мин. читање

Со радост ја дочекавме веста за отварање на делницата Струмица – Дабиле од магистралниот пат А4. Се има некое неубаво чувство кога минува по алтернативниот пат (да не заборавиме дека половина година се движевме и по неасвалтиран пат и си ги кршевме колите). Тоа чувство доаѓаше од сознанието дека станува збор за најфрекфентниот пат во државата а сведочевме дека градежните активности се одвиваа преспоро, како некој да сакаше да си го казни сопствениот народ заради некаква непослушност. Отидовме да го видеме новиот пат и на жалост повторно разочарување.

Го разгледавме проектот на интернет страната на “Јавно претпријатие за државни патишта” на Република Северна Македонија (види листа на извори подолу) и таму убаво си пишува, проектираниот датум за завршување на овој проект е септември 2025, а должината на реконструираниот пат треба да е 3,05 км. Точно дека сме септември 2025 година ама реконструиран пат во должина од 3,05 км таму нема, а нема ни пат опишан од договорот за реконструкција на истиот (пример со велосипедски патеки).

Сето ова ни стана сомнително и почнавме да собирам информации од стопанствениците долж патот. Неофицијално сеуште не е завршена експропријацијата долж целата траса, алтернативен пат на дел од трасата тешко дека ќе може да се проектира и ред други информации. Толку силно се наметнува потребата Струмица да има патно поврзување со Република Бугарија кое не минува низ населените места, а ние не можеме успешно да реконструираме ни 3,05 км пат. И се сомневаме дека патот е пуштен од PR побуди, а не дека стварно се завршени овие 400-500 метри пат.

Извор:
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА
Известување за склучен договор – Општина Струмица