Според извештајот „Bestimmung von Expositionen gegenüber elektromagnetischen Feldern der Elektromobilität“ на Федералната канцеларија за заштита од зрачење во Германија, возачите и патниците во електрични и хибридни автомобили се изложени на електромагнетни полиња кои се создаваат од батериите и електромоторите на овие возила.
Иако измерените нивоа на зрачење во моментов се под меѓународно утврдените граници, експертите предупредуваат дека долготрајната употреба или честото изложување во затворен простор (како кабината на автомобилот) може да претставува потенцијален ризик за здравјето.
Што откриле научниците?
- Највисоката изложеност е измерена близу батериите и електричните мотори, места каде што седиме во возилото.
- Хибридните возила, иако користат и бензински мотори, генерираат значајно електромагнетно зрачење од електричните компоненти.
- Брзината на возењето нема значителен ефект врз изложеноста, што значи дека дури и краткотрајно возење во градот ве става во ризик.
Потенцијални здравствени ризици
- Главоболки, хроничен замор и проблеми со концентрацијата
- Проблеми со спиењето и биоритмот
- Потенцијални оштетувања на ДНК и зголемен ризик од рак
- Срцеви нарушувања и промени во крвниот притисок
- Невролошки болести, вклучувајќи деменција и Алцхајмерова болест
Електричните и хибридните возила се модерни и еколошки, но нивните електромагнетни полиња не се невидливи за нашето тело.
Следниот пат кога ќе влезете во електрично или хибридно возило, запомнете: под хаубата не се крие само еколошка технологија – туку и невидливо електромагнетно поле кое го чувствува вашето тело.
Објавено од: Федерална канцеларија за заштита од зрачење (BfS)
Публикација: 9 април 2025
Број на извештај: BfS-RESFOR-243/25