Пасија – Страдањата Христови

4 мин. читање

Мел Гибсон го предупредил Џим Кавизел дека играњето на ликот на Христос ќе биде исклучително тешко и дека, доколку ја прифати улогата, многу веројатно ќе биде маргинализиран во Холивуд.

Кавизел побарал еден ден за размислување, а потоа му одговорил на Мел, кој го финансираше и режираше филмот The Passion of the Christ: „Мислам дека мораме да го снимиме овој филм, дури и ако е тешко.“ И додал: „Моите иницијали се J.C. (Џ.К.), а имам 33 години. Дури сега го сфатив тоа.“ Мел му одговорил: „Знаеш, навистина ме плашиш.“

За време на снимањето, Џим Кавизел, кој го глумеше Исус Христос, изгубил околу 20 килограми. Бил погоден од гром, случајно бил камшикуван двапати за време на сцената со камшикувањето, при што добил длабока лузна долга околу 35 см. Го повредил рамото кога крстот бил спуштен во дупката додека тој бил на него. Исто така, добил воспаление на белите дробови и хипотермија, бидејќи со часови бил речиси гол на крстот. Самата сцена на распнувањето траела пет недели, од вкупно два месеци снимање.

Неговото тело било толку исцрпено и под стрес поради улогата што по снимањето морал да помине низ две операции на отворено срце.

Џим објаснил: „Не сакав луѓето да ме видат мене. Сакав да Го видат Исус. Преку тоа ќе се случат преобраќањата.“

Речиси како пророштво, за време на снимањето се случиле многу необични нешта.

Педро Саруби, кој го глумеше Варава, рекол дека немал чувство дека го гледа Кавизел, туку самиот Исус Христос: „Во неговите очи немаше омраза ниту огорченост кон мене, туку само милосрдие и љубов.“

Лука Лионело, кој го глумеше Јуда, пред снимањето бил деклариран атеист. Подоцна се преобратил и ги крстил своите деца.Еден од главните техничари на филмот, муслиман по вера, исто така преминал во христијанство.

Некои членови на продукцијата сведочеле дека за време на снимањето виделе луѓе облечени во бело кои не ги препознавале, а кога подоцна ги прегледале снимките, сфатиле дека тие ликови воопшто не се појавуваат на нив.

„Страдањата Христови“ стана најуспешниот американски религиозен филм, како и еден од најуспешните филмови со ознака „R“ на сите времиња, со заработка од 370,8 милиони долари во САД. На светско ниво заработи 611 милиони долари.Што е уште поважно, допре до стотици милиони луѓе ширум светот.

Мел Гибсон вложил 30 милиони долари сопствени средства во продукцијата, бидејќи ниту едно студио не сакало да го преземе проектот.

Денес, Џим Кавизел јасно и храбро ја сведочи својата вера во Христос и истакнува дека за него било благодат и еден вид чудо што можел да Го вооплоти Христос и уште повеќе да ја продлабочи својата вера преку тоа искуство.

Страдањето само по себе не е вредност — но начинот на кој човекот му дава смисла го преобразува во духовна висина. Она што Џим Кавизел го проживеал не е само актерска жртва, туку егзистенцијален избор: да се надмине себеси заради нешто поголемо. Токму тука се раѓа „пркосот на духот“ — способноста, и покрај болката, да се избере смислата. И таму каде што човекот исчезнува, почнува да се открива Она што е повисоко од него.

Автор:
Психолог и логотерапевт (психотерапевт), посветен на унапредување на менталното… повеќе