Белотино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 16 километри. Надморската височина во селото е 518 метри а површината на селото изнесува 808 ха. Селото се граничи со Вељуса, Водоча, Попчево, Рич, Башали, Плавуш.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци. Според пописот од 2002 година, во селото живеат 29 жители, сите Македонци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.
















Извор:
– Wikipedia Белотино