Новогодишна честитка од регулаторна за енергетика – струјата поскапува

2 мин. читање

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека по детални анализи и повторни пресметки, изврши значителна корекција на предлог-одлуката за финалната цена на електричната енергија доставена од универзалниот снабдувач ЕВН Хоме.

Од 1 јануари 2026 година, граѓаните ќе плаќаат пониски цени од оние што првично ги побара ЕВН Хоме но сепак повисоки од моменталните. Според конечната одлука на РКЕ, цените по блокови ќе се коригираат на следниот начин:

Тарифен блок Предлог на ЕВН ХомеОдлука на РКЕ
Прв блок+ 7,66 %+ 2,45 %
Втор блок+ 8,54 %+ 2,87 %
Трет блок+ 9,63 %+ 3,32 %
Четврт блок+ 11,86 %+ 3,84 %
Евтина тарифа+ 3,96 %+ 2,50 %

РКЕ оценува дека ЕВН Хоме, иако го применил тарифниот систем, во својата предлог – одлука не го испочитувал клучниот регулаторен принцип – урамнотежување на интересите меѓу енергетските компании и потрошувачите.

Целта на Регулаторот е да дефинира крајни цени кои гарантираат стабилно снабдување, но истовремено ги штитат граѓаните. Податоците потврдуваат дека оваа одлука директно влијае на најголемиот дел од населението:

  • 64% од потрошувачите се наоѓаат во првиот блок.
  • Речиси 21% се тарифираат во вториот блок.
  • Само 1,73% од потрошувачите влегуваат во третиот блок.

Извор: Регулаторна комисија