Стапува на сила нова целосна забрана за движење низ шумите во Р.Македонија која ќе важи до 30.09.2025 година.
Министерството за внатрешни работи согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, заради вонредно високите температури во овој период и продолжението на сушниот период.
За непочитувањето на оваа забрана и сите кои ќе бидат затекнати, законот предвидува огромни казни кои за физички лица ќе изнесуваат од 1500-2000 евра во денарска противвредност.
Движењето низ шумските подрачја ќе биде единствено возможно со издавање на дозвола во писмена форма од страна на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови во зависност од подрачјето за кое ви е потребно одобрувањето и тие управуваат.