Ден на независноста

2 мин. читање

Вечниот стремеж на македонскиот народ за создавање на своја самостојна држава може да се види уште преку илинденците од Крушевската Република. Потоа тој стремеж проникнува низ асномците за на крај 08.09.1991 година народот на социјалистичка Република Македонија со 1.079.308 (95.30%) гласа ЗА прогласува независност. Референдумското прашање гласаше:

Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?

Прашање кое во себе содржаше можност Македонија да остане продолжена рака на Србија во една скратена Југославија. Државата во уставот беше запишена како Македонија, но во меѓународните односи секогаш беше користена референцата: ПЈРМ (FYROM) поранешна Југословенска Република Македонија. Заради тоа 30.09.2018 се одржа уште еден референдум со прашање:

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Со 609.813 гласа ЗА референдумот беше прогласен за неуспешен поради малата излезност. Сепак тогашната власт реши против волјата на народот да го промени уставното име со цел државата да влезе во НАТО воениот сојуз. Властите што следеа го прифатија новото име и решително продолжија по европскиот пат на земјата.

Денес славиме ден на независноста на Република Северна Македонија. На овој ден да си ги поставеме следните прашања: Колку навистина сме независни? Дали сме економски независни? Дали сме енергетски независни? Дали сме воено независни? Како сме независни?

Честит ден на независноста!