Нова научна студија откри нешто многу интересно за човечкото срце. Покрај постојаните 100 000 отчукувања дневно, срцето има своја скриена интелигенција. Таа интелигенција е составена од 40 000 неврони кои формираат невронска мрежа. Овој „мал срцев мозок’’ може да анализира и обработува информации, да донесува одлуки и да биде во комуникација со вашиот мозок без да бидете свесни за тоа. Во организамот има 12 пара нерви, од кои едните се моторни, другите сензитивни, а има и мешани. Некои од нив се задолжени за осет за мирис, за вкус, за движење на очите итн. Десетиот кој се вика вагус , што во превод значи луталник – скитник кој продолжува низ вратот, потоа оди низ градниот кош и срцето, па се шири низ абдоменот инервирајќи ги скоро сите органи. Вагусот има функција во срцевиот ритам, крвниот притисок, дигестијата на цревата, потењето,создавање на плунка, во имунитетот, во мокрењето – односно во нештата кои не се под наша контрола. Околу 70 – 80 проценти од сигналите кои патуваат по вагусниот нерв вршат комуникација помеѓу срцето и мозокот. Тоа значи дека нашето срце има силно влијание врз нашите мисли, емоции, а сигурно влијае и во носењето на секојдневните одлуки.
Поради тоа често зборуваме во стилот ,,слушај го срцето’’ или често го имаме чувството на интуиција. Овие сигнали , овие инстинкти честопати доаѓаат од невронската мрежа на срцето, кои испраќаат брзи сигнали до мозокот толку брзо што често нашиот ум не може да реагира. Затоа многу често ни се случува при голема опасност, љубов или заљубеност, длабока интуиција, срцето веќе да започнало процес кое ги води нашите постапки уште пред ние да размислиме логички.
Често науката од повеќе области се фузира за да се постигнат подобри резултати – во случајот неврокардиологијата и со тоа се менува начинот на разбирање и функционирање на човечката интелигенција. Многу време срцето се сметало за пумпа која ја турка крвта низ крвните садови. Тоа не е обична пумпа, туку пумпа која работи на слаби електрични празнења на клетките ( кардиомиоцити) кои го градат и ритмично прават контракции , а со тоа ствараат магнетно поле кое е за 500 пати посилно од магнетното поле на мозокот – студија на McCraty, Bradley & Tomasino 2004 година.
Со сите понови истражувања се докажува дека човечкото срце зазема активна улога во менталниот и емоционалниот живот.
Најверојатно иднината на човечкото здравје ќе се концентрира не само на тренирање на човечкиот мозок туку и филозофијата на живеењето и донесувањето на одлуки. По се изгледа дека човечкото срце знае многу повеќе отколку што мислиме.
