Победа на Македонија!

1 мин. читање

Синоќа фудбалската репрезентација на Македонија го одигра петиот меч во квалификациите за светското првенство и ја издвојува третата победа против Лихтенштајн.

Нашите фудбалери очекувано доминираа и победија со 5-0 и така се искачија на врвот во групата каде имаме и два нерешени наторевари против Белгија и Велс и засега можеме да бидеме задоволни и оптимистички да влеземе во последните 3 натпревари каде имаме реални шанси за прв пат во историјата да се пласираме на најголемото планетарно натпреварување.

Стрелци за Македонија беа Елмас, Барди, Чурлинов, Ќамили и Станковски.

Од другите натпревари во нашата група, Белгија исто така очекувано го совлада Казахстан и ни се доближи на само еден бод заостанување, но тие имаат и натпревар помалку од Македонија, така што се очекува неизвесна битка до крајот на квалификациите помеѓу Македонија, Белгија и Велс.