Нели Манчева – јога инструктор

Бидете човек за пример и правете добро!

3 мин. читање

Кој е вашиот прв впечаток од Струмица?

  • Мојот прв впечаток за Струмица беше колку е мирен и бавен животот, и дека луѓето не вложуваат многу труд во работите. 

Со што ви беше најтешко да се навикнете?

  • Најтешко ми беше да се навикнам на тоа што е толку мал град.

Кое најмногу ве радува, а кое ве разочарува?

  • Она што ме прави најмногу среќна е тоа што планината е многу блиску до градот и дури можеш да стигнеш пеш до таму. Друга работа е што растојанијата се мали и не губиме многу време патувајќи, можеме да завршиме многу задачи за кратко време. И на крај, но не и најмалку важно, е тоа што луѓето ме прифаќаат. Секако, има многу разочарувања во различни области од животот, но се обидувам да видам што има таму и што ме прави среќна тука

Што најмногу ви фали овде?

  • Најмногу ми недостигаат семејството и пријателите

Отворени ли се струмичани кон новото, кон спортот, кон духовното?

  • Мислам дека има луѓе кои се отворени за добри работи, се информирани и најмногу од сè имаат желба за промена, и внатрешна и надворешна. Она што го прави јогата е да нè промени на подобро, и на физичко и ментално ниво.

Влијанијата се обострани, вие давате еден душевен мир и здравје со вашите часови, што добивате за возврат?

  • Истото што  давам, това  добивам. Внатрешен мир и здравје. Плус, на крајот од часот, кога ги гледам лицата на луѓето со блажена насмевка, среќни и смирени, е токму тоа нешто ме исполнува и ми дава смисла да продолжам по патот на јогата.

Можете ли да кажете дека се осеќате како дома, успеавме ли да ви покажеме топло добредојде?

  • Домот е состојба на умот, како некој се чувствува на дадено место. Какви емоции носи и дава. Во оваа фаза од мојот живот, ова е мојот дом и домот на моите деца.

Знаејќи ги причините за емиграција на се повеќе луѓе од градот, што ви дава надеж дека има смисла да се остане овде?

  • Секогаш има луѓе и секогаш можете да го пронајдете вашето место  за развој и да ја намерите енергијата што ја сакате во вашиот живот.

Добро е да се има надеж за подобра иднина во Струмица, но не можеме само да се потпреме на тоа. Промените почнуваат од нас, одвнатре кон надвор. Каде и да сте во светот, бидете човек за пример и правете добро!