Гордана Русева – велешанка во Струмица

Се надевам дека ќе се појави нешто кое ќе ги демантира сите песимисти.

3 мин. читање

Кој е вашиот прв впечаток од Струмица?

  • Првиот впечаток од  Струмица или како ја го доживеав како  мирно, мало место каде скоро сите се познаваат меѓу себе, желни за дружба и нови познанства, расположен и насмеан народ и прилично гостопримлив.Од самиот град, на прв поглед навистина ми се допадна како и уреден и може да се најдат многу интересни места за прошетка.

Со што ви беше најтешко да се навикнете?

  •  Со оглед на тоа што се преселив од друг град во Македонија, држава каде речиси во сите градови работите функционираат скоро исто не наидов на некои нови ситуации или околности на кои треба да се привикнувам,  освен можеби беше комуникацијата, односно разликата во дијалектите, но со тек на време се навикнав и на тоа.

Кое најмногу ве радува, а кое ве разочарува?

  • Најмногу ме радува што можам да видам дека има голем број на луѓе или фирми кои се обидуваат со нови идеи и бизниси да ни приближат некој нов светски, модерен и поедноставен начин на живот, прилагоден кон некои нови технологии и погледи, но во ист момент ме разочарува и фактот што некој останат менталитет во поголемиот дел од Струмичани не им дозволува на истите да прогресираат и да им дозволат да им покажат што може да им понудат, па поради тоа голем дел од нив за жал се принудени своите идеи да ги реализираат надвор од Струмица.

Што најмногу ви недостига овде?

  • Искрено ми фали нешто ново, поразлично, ново видување кое ќе донесе повеќе живост и разноликост од монотонијата на која сме навикнати.

Дали струмичани се отворени кон новото, дали знаат да си помагаат, да бидат солидарни?

  • На почетокот кога се преселив искрено имав такво мислење, но со текот на годините сфатив дека само мал дел од тоа е искрено и од срце, а поголемиот дел е само од интерес.

Која според вас е најголемата разлика меѓу струмичани и велешани?

  • Можеби би рекла дека Велешани се малку поладни и позатворени од Струмичани, но тоа е само мое мислење.

Дали сте оптимист дека работите може да се променат во градот и државата?

  • Отсекогаш сум била оптимист и иако минатото не се покажало како показател дека работите навистина би тргнале на подобро, јас сепак се надевам дека ќе се појави нешто кое ќе ги демантира сите песимисти.